ВЛЕН бара да се запре со притисоци врз вработените во институциите и кампањата да биде мирна

Гостивар, 3 октомври 2025 – Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар Себаеден Даути и носителот на листа Башким Хасани од коалицијата ВЛЕН прес-конфренција во партискиот штаб на ВЛЕН испратија пораки за водење на достоинствена и мирна кампања и да се престане со притисоци врз вработените во државните институции на Себаедин Даути, кандидат за градоначалник се заблагодари на поддршката, која како што реч, ја добива од граѓаните низ средбите кои ги остварил изминативе денови и упати апел.

– Во овој важен момент за нашиот град, сакам да упатам апел до сите граѓани, но и до секој политички субјект, оваа кампања да се одвива достоинствено и мирно, онака како што сите ги познаваат гостиварци – како луѓе гостопримливи, разумни и спокојни, рече Даути во обраќањето.

Тој посочи дека политичката трка треба да се гледа како можност за претставување идеи и проекти за иднината на Гостивар, а не како причина за поделби или тензии.

Башким Хасани, носител на листата на ВЛЕН за гостиварскиот општински совет побара од политичките опоненти да не им се закануваат на граѓаните со откази.

– ДУИ веќе ја има изгубено патеката и е целосно изменета. Денес, во Гостивар, вработените во институциите се повикуваат и им се упатуваат закани дека ќе бидат избркани од работа кога тие ќе дојдат на власт. Ова е навредливо за граѓаните и доказ дека овој субјект повеќе нема визија, туку само страв, рече Хасани.

Тој упати предупредување до лицата кои, како што рече, се служат со закани и уцени, бидејќи ќе ги обелоденат со име и презиме пред јавноста и пред органите на редот. Носителот на листата, Хасани од граѓаните побара да не подлегнуваат на уцените, туку да гласаат со достоинство и храброст за промената што ја заслужуваат.

згм

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar