Винилот „Врати на имагинацијата“ во продажба од 8 ноември

Гостивар, 4 ноември 2025 – Ексклузивното винилно издание на албумот „ВРАТИ НА ИМАГИНАЦИЈА“ ќе биде во продажба на 8 ноември во СЦ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ со потписи на членовите на АРЕА, информираат од Avalon International Booking. Во последната објава се наведува:

Драги наши,

Ве информираме дека ексклузивното ремастерирано винилно издание на „ВРАТИ НА ИМАГИНАЦИЈА“ по повод 25 години од издавање на албумот ќе биде достапно за продажба на официјален MEET & GREET со бендот после концертот на 8 НОЕМВРИ во СЦ ЈАНЕ САНДАНСКИ!

 

– На 8 ноември во СЦ Јане Сандански ќе имате ексклузивна шанса да си го купите своето издание, потпишано од страна на АРЕА, по ексклузивна цена од 1.500 денари. Станува збор за луксузно опремено издание на 140 грамски тиркизен винил во 350 грамски gatefold омот, заштитени со повеќенаменска антистатичка фолија и додатна налепница.

Албумот во винилна форма е издаден во лимитиран тираж и ќе биде достапен до истекување на залихите. По концертот, доколку останат примероци, винилот ќе биде достапен во неколку продажни места по цена од 1.600 денари.

– Се гледаме во сабота во СЦ Јане Сандански, заедно да ја прославиме Ареа и македонската музика, стои во поканата на Avalon International Booking.

(тука е видеото од новата верзија на „Очи англески“

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar