Хуманост на дело: Гостиварските моторџии даруваа крв

Гостивар, 4 ноември 2025 – Втората крводарителска акција што ја организираа членовите на мотоклубот „Go-Bikers“ од Гостивар помина успешно. На повикот се одзваа повеќе гостиварци и собрани се повеќе од 24 крвни единици.

Од клубот изразија голема благодарност до сите кои дале поддршка и особено ја истакнаа ангажираноста на персоналот на трансфузиологија во општата болница „д-р Ферид Мурат“.

– Тие се најзаслужни за овој настан да помине во најдобар ред, велат моторџиите. Од „Go-Bikers во наредниов период најавуваат реализација повеќе хуманитарни акции од овој тип, за доброто на нашиот град.

– Се надеваме на поголема поддршка и одзив на сите љубителите на моторите како и на сите граѓани на град Гостивар. Со почит мотоклуб Go Bikers-Гостивар.

Еве мала фото галерија од настанот

           

 

          

 

      

 

 

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar