Оддадена почит на жртвите во Втората светска војна
Гостивар, 18 ноември 2025 – Со минута молк и положување на цвеќе претставници на Организација на борци Гостивар, АРМ, делегации на боречките организации од Штрбце (Косово) и Тетово и политички партии претпладнево беше оддадена почит на паднатите борци и жртвите од гостиварско во Втората светска војна. Со ова беа заокружени активностите за одбележување на 18 Ноември, Денот на ослободувањето кои започнаа синоќа.

По овој повод во градскиот парк пред споменикот на споменикот на паднатите борци од НОВ се одржа и пригоден собир на кој беше потсетено на овој датум, важен за историјата на Гостивар.
– Со ослободувањето започна нова ера на македонските граѓани, ера на слобода и слободен развој. Се создадоа услови за развој и се обезбеди целосна национална рамноправност. Постигнат е општествен, образовен, културен и економски подем. Нека ни е честит 18-ти Ноември, нека ни е вековита слободата на нашиот град и нашата татковина, напомена Горан Павловски, професор по историја.

Тој во обраќањето на собирот потсети на моментите кои се случија пред 81 година. Меѓу другото тој го опиша ослободувањето на градот кое почнало со настапувањето на оружените сили кое се одвивало со настапување на три групи кои се движеле од околните села. Силите на 15 Корпус, како што рече Павловски во градот влегле попладнето на 18 ноември, еден ден пред целосното ослободување на Македонија по фашистичката окупација.
згм
Коментарите се затворени.