Фантастик бенд ќе настапат на Македонска вечер во Белград (ВИДЕО)

Гостивар, 28 ноември 2025 – Членовите на Фантастик бенд утревечер ќе настапат на „Македонска вечер“ во Белград. Оркестарот ќе биде дел од прославата на 22 години од формирањето на Македонско здружение „Кочо Рацин“.

Пред денешното заминување од овој оркестар кој е познат во градот и околината по уникатните настапи за Radio G рекоа дека им е чест и им претставува големо задоволство што ќе гостуваат меѓу наши сонародници.

 

– Добивме покана од организаторите и навистина ни е укажана многу голема чест да се дружиме со Македонците кои се живеат во Србија и заедно да ги пееме најубавите македонски песни во живо. Очекуваме дека тоа ќе биде настан во атмосфера што се памети.

Настанот е закажан за утре 29 ноември во „Дом на војската на Србија“ во Белград и ќе започне во 19:00 часот.

Оркестарот FANTASTIC BAND MK го сочинуваат: Душко Наумоски, Драган Николоски, Бојан Илијески, Дарко Петрески и Дарко Ангеловски. Покрај настапите на семејни веселби, свадбени свечености и на манифестации, ова музичка дружина работи и на сопствен материјал и наскоро се подготвуваат да го издадат нивниот прв албум.

Погледнете ја го видео-спотот од нивиот последен хит

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar