Здружението When in Trouble организираше предновогодишно дружење со хуманитарен базар
Гостивар, 21 декември 2025 – Двочасовно дружење исполнето со забава се одвиваше на градскиот плоштад. Гостиварци уште еднаш има можност да ги спојат хуманоста и креативноста. Хуманитарниот настан го организираше здружението на граѓани, во чиј склоп на штанд се продаваа рачно изработени орнаменти, украси и креативни изработки. Собраните пари ќе се искористат за хуманитарни цели.

Настанот беше збогатен со музичка програма, додека најмладите имаа можност да се фотографираат со Дедо Мраз, што придонесе за празнична и весела атмосфера. Од здружението When in Troublе најавија уште неколку активности кои ќе им ги поправат расположението и предновогодишната атмосфера на децата од ранливите категории
Коментарите се затворени.