Невзат Бејта: Гостивар не беше управуван во интерес на граѓаните, туку во интерес на Таравари.
Гостивар, 24 декември 2025 (МИА) – Невзат Бејта, кандидатот за градоначалник на Гостивар на повторените избори на прес-конференција ја обвини претходната локална власт дека направила злоупотреби при јавни набавки чија вредност е повеќе милиони денари.
– Денес сме тука за отворено да зборуваме за злоупотребите и лошото владеење на Арбен Таравари, кој со години се обидуваше да ги скрие зад пропагандата и лажниот имиџ на „успешен менаџер, рече кандидатот за градоначалник од коалицијата ВЛЕН-ВРЕДИ, Невзат Бејта.
Тој во обраќањето пред новинарите потенцира дека Гостивар не бил управуван во интерес на граѓаните, туку во интерес на тесниот круг на Таравари. Бејта покажа договори со кои, како што тврди, локалната власт склучила јавни набавки со фирма која ги пополнувала апликациите за проекти и уредувањето на салата на Советот на општината.
Бејта најави дека во петок ќе излезе со докази за други предмети, за како што нагласи јасно покажуваат како локалната власт била злоупотребувана и како одговорноста била избегнувана.

Коментарите се затворени.