НАИ – Гостивар: Невзат Бејта нека одговори од каде му е богатството, а не да ги лаже граѓаните
Гостивар, 24 декември 2025 – Од коалицијата Национална алијанса за интеграција преку соопштение реагираше на наводите изнесени на прес-конференција на кандидатот на ВЛЕН – ВРЕДИ, Невзат Бејта. Тие ги отфрлаат обвинувањата упатени кон поранешното раководни луѓе на општина Гостивар. Во соопштението на НАИ се потенцира дека граѓаните на Гостивар добро го познаваат политичкото минато на лицето Н.Б. неговите зделки со злоупотреби и нерегуларности додека тој беше на раководна функција.
„Наместо да клевети, тој треба да одговори на прашањата, околу реализацијата на хидроцентрали во мавровскиот регион и изворот на инвестиции од над 30 милиони евра. На продажбата на државно земјиште. Исто така, треба да објасни како се стекна неговото богатство и луксузниот живот, кога е познато дека со години е без работа и сега е пензионер. Дали ова е остварено со платата на градоначалникот за време на неговиот мандат? – стои во реакцијата на НАИ – Гостивар.
Во дописот до јавноста се наведува дека гостиварци многу добро знаат кој „пљачкал“ за време на неговото осумгодишно владеење и неговиот криминален клан, а кој чесно работел за градот. На прозивката од кандидатот за градоначалник Невзат Бејта дека во општина Гостивар се работело недомаќински и се трошело преку мерка, од НАИ нагласуваат:
„Општина Гостивар секогаш била под надзор на инспекциски служби и соодветните ревизии, притоа не се констатирани злоупотреби на јавните средства. За изнесените квалификации од НАИ велат дека ќе се постапува по институционален и законски пат.
Од коалицијата чиј кандидат за градоначалник на повторените избори е Ваљбон Лимани нагласуваат дека ова прва и последна реакција кон еден кандидат кој го сметаат за компромитиран и се обидува да ја манипулира јавноста и да се одмазди за претходните пет политички порази во Гостивар.

Коментарите се затворени.