Невзат Бејта обвини дека раководството на општина Гостивар направило фиктивни исплати

Гостивар, 30 декември 2025 (МИА) Невзат Бејта, кандидат за градоначалник на општина Гостивар на повторните избори, изрази сомнеж дека претходното општинско раководство злоупотребиле поголема сума на пари. Бејта, на прес-конференција смета дека над половина милион евра биле исплатени за плати на вработени кои, според него, воопшто не оделе на работа.

– Овие исплати се вршени преку агенција за посредување при вработување, овозможувајќи им на одредени лица да примаат плати без да ги исполнуваат своите работни обврски, рече Бејта.

Кандидатот кој ја има поддршката од коалицијата ВЛЕН-ВРЕДИ нагласи дека со неговото доаѓање на чело на општината, овие злоупотреби ќе престанат, додавајќи дека Гостивар, кој уништен од претходното раководство, ќе се прероди.

Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар, Невзат Бејта најави во време на кампањата ќе продолжи да ги објавува, како што ги нарече, злоупотребите во локалната самоуправа направени во изминатите осум години.

згм

фото ФБ Невзат Бејта

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar