“D’reamers за еден ден обезбедија домашни апарати за три социјално загрозени семејства”

Гостивар, 13 февруари 2026 – Хуманоста има свој звук – и овојпат тој доаѓа од албумот „Поинаков свет“. “D’reamers” уште во првите 24 часа од промоцијата на првиот студиски албум направија нешто повеќе од музички успех – вистинска животна промена.  Како што беше претходно најавено, преку продажбата на првиот албум „Поинаков свет“ и средствата собрани на промоцијата, тие обезбедија пари за купување на апарати за домаќинство за три социјално загрозени семејства.

– Ова не е само музичка приказна, туку доказ дека уметноста може да биде двигател на добрина. Наместо само аплаузи и честитки, првите резултати од нивната работа донесоа конкретна помош таму каде што е најпотребна. Со секој продаден примерок, публиката станува дел од едно поголемо дело – дело на солидарност и заедништво. „Поинаков свет“ не е само наслов на албум, туку и визија – свет во кој успехот се мери со тоа колку сме помогнале на другите, велат Сини и Џејмс.

Промоцијата на нивното студиско деби анскоро треба да се одржи и во нивниот град, Гостивар. Овој пат публиката повторно ќе има можност да биде дел од оваа инспиративна мисија. Датумот за настанот ќе биде дополнително најавен.

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar