Мајсторка во Гостивар: КК Шар Планина во одлучувачка битка за пласман во повисок ранг (видео)

Гостивар, 2 април 2026 – Сабота е ден за кошарка. На паркетот во спортската сала „Младост“ третолигашот КК Шар Планина ќе го игра најзначајниот натпревар оваа сезона. Во рамките на плеј-офот од Третата кошаркарска лига, по два одиграни со директниот конкурент КК Винеам-Виница, следува одлучувачкиот трет натпревар кој ќе го одреди патникот во следната фаза и влез во натпревари од повисок ранг. По два одиграни натпревари, резултатот е меѓу двете екипи е израмнет што следува „мајсторка“.

Раководството на КК Шар Планина, како домаќин на овој клучен натпревар, ги повикува сите љубители на кошарката, навивачи и поддржувачи да дојдат во салата „Младост“ и да бидат „шестиот играч“ на тимот. Натпреварот е закажан за 18:00 часот, а влезот е бесплатен.

– Ова е моментот за кој трениравме цела сезона. Резултатот е 1:1 и знаеме дека противникот е сериозен, но веруваме во нашиот квалитет. Предноста на домашниот терен не значи ништо без поддршката од трибините. Ги повикуваме сите наши сограѓани да дојдат во сабота, да навиваме фер и коректно и заедно да се радуваме на победата, порачуваат од таборот на КК Шар Планина.

Доколку ја прејдат оваа препрека, гостиварци обезбедуваат реални шанси за влез во Втора лига.

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar