Три милиони денари за заштита на културното наследство во Гостивар
Гостивар, 18 април 2026 – По повод 18 Април денот на Светското културно наследство, раководните луѓе од НУ Конзерваторски центар – Гостивар ја најавија изложбата за во понеделник и открија детаљи за годишната програма за работа за 2026 година. За реализација на планираните активности, предвидени се околу три милиони денари и тие опфаќаат интензивна активност на терен за заштита, реставрација и истражување на културното богатство во гостиварскиот регион.
На денешниот брифинг, директорот на Центарот, Цветко Новаковски, истакнува дека програмата е сеопфатна и вклучува клучни објекти кои имаат историско и архитектонско значење за Гостивар и околината.

– Најголем дел од средствата е предвиден за реставрација на куќи, џамии и цркви, што значи дека најголемиот дел од активностите се насочени кон заштита на недвижното културно наследство, рече Новаковски.
Годинава предвидено е изработката на проект за реконструкција на декоративната зидна пластика во Старото Медресе во Гостивар. Директоот Новаковски посочи дека дел од активностите се продолжување на веќе започнатите процеси, како што се: Првата фаза од конзервацијата и реставрацијата на куќата на Трпеска Славка во село Вруток. Третата фаза од реставрацијата на Старата џамија во село Равен, која доколку се заврши со вантрешното сликање ќе бида дадена во употреба.
Годинава е предвидено да се работи на архитектурата на црквата „Св. Димитрија“ во Гостивар. Предвидена се и конзерваторски работи на куќата на Даут Болетини. Посебен акцент во програмата за 2026 година е ставен на современата уметност преку проектот за конзервација на мозаикот „Човек и светлина“ од еминентниот автор Глигор Чемерски (дело поставено во дворот на ХЕЦ Вруток.

Паралелно со теренската работа, Центарот ќе работи и на евиденција и документација на спомен-обележјата во Гостивар и околината кои датираат од 19-тиот и 20-тиот век.
– Нашата цел е со расположливите средства максимално да ги заштитиме објектите кои се сведоци на нашето минато, но и да ја подигнеме свеста за нивното значење, изјави директорот Цветко Новаковски
Тој ја искористи средбата со новинарите да го нјаваи централниот настан за промоција на културното наследство, по повод 18 Април – Меѓународниот ден на културното наследство која ќе се одржи на во понеделник 20 април пред „беговата куќа“

Коментарите се затворени.