Избрани финалистите за „Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“-2026

Гостивар, 22 април 2026 – По процесот на оценување на пристигнатите пријави и творби на дванаесеттото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“-2026 организациониот одбор ги објави имињата на финалистите кои ќе конкурираат за наградите.

Поетите кои ќе конкурираат за награди

 

Од фестивалскиот организациски одбор информираа дека тричлената жири-комисија во состав: Бранко Цветкоски, Габриела Петроска и Гордана Страшевска, од вкупно 173 пристигнати регуларни пријави од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Романија во две возрасни категории, годинашни финалисти на 12. фестивалско издание се: Далибор Стојанов, с. Прибачево, Кочани; Катерина Момева, Битола; Марија Чолакова, с.Секирник, Струмица; Игор Поп Трајков, Скопје; Душан Стојковиќ, Грделица, Србија; Лидија Размоска –  Тримовска, Скопје; Софија Стојанова,Струмица; Мирослав Трајковски, Скопје; Шериф Селами, Тетово;  Ана Илијоска Богиќ, Белград, Србија; Тадеј Велјаноски, Прилеп; Наталија Наумовска, Скопје.

Овие поети-финалисти се номинирани за наградите: Гран при, прва, втора и трета награда, Награда за најдобар странски автор и Најуспешна млада поетска искра.

Тричлената жири комисијата на фестивалот

 

На фејсбук страната на фестивалот деновиве ќе бидат објавени и авторите поети кои ќе бидат застапени во заедничката поетска збирка која се издава во склоп на фестивалот.Наградите, традционално се плакети, дипломи и признанија за учество.

Меѓународниот поетски фестивал „Литературни Искри” се одржува во чест на Денот на сéсловенските просветители Кирил и Методиј – 24 Мај. Поетскитот фестивал „Литературни искри“ е поддржан финансиски од Министерството за култура и туризам од областа на манифестации и фестивали како проект од национален интерес во културата за 2026 година.

згм

фото МПФ Литературни искри

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar