Полицијата запрела минибус со повеќе патници од дозволеното
Гостивар, 12 март 2021 Возач на минибус ќе се соочи со казна заради претовар. Во возилото имало повеќе патници од дозволеното со протоколите во услови на пандемија
Од СВР Тетово информираат дека вчера (11 март) околу 18 часот и 35 минути, на наплатната станица Гостивар, полициски службеници на СВР Tетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар запреле минибус„мерцедес“ со дебарски регистарски ознаки. Во возилото кое го управувал И.Д. (62) од Дебар се превезувале повеќе патници од дозволениот број со протоколот за вршење на јавен превоз.
Случајот е документиран и во тек е негово расчистување по што ќе следува и соодветен поднесок.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.