Лидерите први на листа: Гоце Димовски носител на листата за ВМРО ДПМНЕ, Станиша Матески за СДСМ.

Гостивар, 12 септември, 2021     Гоце Димовски претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Гостивар ќе ја предводи листата за членови во општинскиот совет. Лидерот гостиварските социјалдемократи, Станиша Матески е првиот на поднесената листа до ОИК.

Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ нагласуваат дека оваа година сите предлози се на матичната партија без коалициски партнери и очекуваат резултат на изборите за влез на пет кандидати. Според редниот број, кандидати се и Зоран Наумоски, Анета Ќироска, Александар Нанковски и Милан Јованоски.

ОО СДСМ покрај лидерот, меѓу првите пет ги кандидираше: Ема Нешкоска, Рената Дуцеска, Роберт Бошкоски и Слаѓана Симуноска

Во соседната општина Врапчиште, носител на листата на ВМРО ДПМНЕ е Бобан Јаковлески. Од СДСМ за влез во општинскиот совет со 19 членови во изборна трка ќе биде Војче Исакоски

Во Маврово Ростуше листата од 11 имиња од СДСМ ја предводи Теута Мирто. Од општинската организација очекуваат освојат најмалку шест советнички места.

Прв на листата со кандидати на ВМРО ДПМНЕ за оваа општина е Шенол Рамадани.

Коментарите се затворени.