ДУИ и граѓанската иницијатива „Гостивар кој го сакам“ со заедничка листа
Гостивар, на 13 септември 2021 Граѓанската иницијативата „Гостивар кој го сакам“, и локалниот огранок ан Демократската унија за интеграција потпишаа меморандум за соработка на претстојните избори. Овие два субјекти доставиле заедничка листа со кандидати за советници.
На прес конференцијата што се одржа во седиштето на огранокот на ДУИ претставникот на иницијативата кажа дека било прифатено половината од предложените кандидати да бидат активисти од „Гостивар кој го сакам“
– Иницијативата одржа состаноци со неколку политички субјекти и упативме покана до сите политички партии кои ќе настапат на изборите на 17 октомври. Демократската унија за интеграција покажа волја и посветеност за постигнување договор за соработка-потенцираше на прес-конференцијата претставникот на Иницијативата Лек Далипи.
Меморандумот што е потпишан на 10 септември ги обврзува страните да работат во интерес на граѓаните, рече првиот човек на огранокот и е во насока за здружување на силите во реализација на клучни проекти за обнова на општината.
– Најдовме многу слични работи меѓу нас и навистина нивните идеи и програма се добра можност да ги координираме со нашата програма и да го понудиме најдоброто на граѓаните, -рече Башким Хасани претседател на огранокот на ДУИ.
Тој оцени дека договорот за соработката со граѓанската иницијатива, е важен момент бидејќи како што нагласи, за првпат во историјата политичкото дејствување, влегле во изборната трка со граѓанската иницијатива.
Меморандумот за соработка го потпишаa Лек Далипи овластен од Иницијативата за „Гостивар кој го сакам“ и претседателот на огранокот на ДУИ- Гостивар, Башким Хасани.
Коментарите се затворени.