ДУИ локалните избори ги почнува и завршува во Гостивар

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изборната кампања за претстојните локални избори ќе ја започне и заврши во општина Гостивар. Одлуката за стартот на кампањата на прес конференција го соопшти Крешник Бектеши.

Тој порача до сите политички партии да ги почитуваат пропишаните протоколи против ширењето на ковид-19, a додаде и дека како партија покажале дека ги почитуваат мерките.

Бектеши уапти апел до учесниците на изборите да спроведат мирна, демократска и позитивна кампања и сите да ги искористат дваесетте денови за подобра презентација на изборните програми.

– Навредите и пцостите не треба да бидат дел од кампањата на учесниците на овие избори. Но, кампањата треба да се спроведе во духот на демократијата и меѓусебното почитување, бидејќи само на тој начин ќе покажеме политичка зрелост и ќе ги докажеме нашите европски стандарди”, рече Бектеши.

За изборот да се започне од Гостивар, Бектеши нагласи дека ДУИ, не само што ќе ја почне, туку и ќе ја заврши кампањата во Гостивар, за да им кажат на гостиварци „дека се заедно во битката за ослободување на градот од неспособната администрација на Таравари и ВМРО-ДПМНЕ”.

ДУИ, на локалните избори ќе настапи со 19 кандидати за градоначалници и 35 листи за советници. Пред почетокот на кампањата објавија пет завети како столбови на нивната платформа: Зелена агенда, Дигитална агенда, Агенда за вклучување на граѓаните, Агенда за отворени врати и Агенда Нулта толеранција.

Коментарите се затворени.