ДУИ ја презентира програмата за локалните избори за Гостивар
Гостивар, 27 септември 2021 Претседателот на огранокот на ДУИ во Гостивар, Башким Хасани на прес -конференција ги наброја проектите од програмата и нагласи дека таа е составена во соработка со граѓанскиот сектор и граѓаните.
– Платформата е објективен одраз на потребите на граѓаните кои очекуваат промена. Во неа се предвидени проекти кои ќе бидат решенија за сите проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Гостивар и кои во фокусот го имаат квалитетниот живот, развојот на инфраструктурата, квалитетното образование, создавањето чиста животна средина и безбедно место за сите. Заедно со Невзат Бејта како кандидат, по 17 октомври ќе го започнеме заедничкиот пат за чист град, безбеден за жителите и нивните деца, за модерна јавна инфраструктура, спорт, рекреативни капацитети и квалитетно образование, рече Хасани.
Главните цели на Демократската унија за интеграција за Гостивар се:
-повеќе зеленило и изградба на неразвиениот дел од паркот
– нови патеки за трчање и возење велосипед
-чистење на градот од отпад и нечистотијата, со фокус на регулирање на депонијата Русино според сите еколошки стандарди
-изградба на посебен и модерен центар за сместување и третман на кучиња скитници.
-Ќе ги преместиме казината и игрите на среќа од нашите населби.
Од ДУИ за наредните четири години планираат реализација на проекти за модерна инфраструктура како што се: три подземни паркинзи, нов мост што ќе обезбеди поврзување со регионалниот автопат
Вечерва ДУИ на изборен собир во Гостивар ќе ги претстави кандидатите за градоначалници и општински советници.
Коментарите се затворени.