Младинскиот форум на Алијанса за албанците отвори штаб

Гостивар, 29 септември 2021 Во рамки на предизборната кампања во Гостивар на пригодна церемонија беше отворен штаб на Младинскиот Форум на Алијанса за Албанците. Пред членови на партијата, симпатизери се обрати кандидат за градоначалник кој на младите сопартијци им посочи дека верува во нив, бидејќи како што кажа, тие се движечката сила за подобро општеството.

– Младите претставуваат идеал, сила, надеж! Со оваа извонредна младина ќе ја запечатиме октомвриската победа!

На 17 октомври ние ќе славиме победа, и ќе ги повикаме нашите политички противници да слават со нас. На 18 октомври ќе продолжиме со животот, рече Таравари, бидејќи ние сите сме еднакви, сите сме гостиварци, рече Таравари по средбата со Младинскиот Форум.

Носителот на листата на Алијанса за Албанците/Алтернатива во Гостивар, Ваљбон Лимани, во обраќањето напомена дека како локална власт успеале да реализираат значајни проекти за потребите на младите (реновирани училишта, велосипедски патеки, три младински центри). Тој ја побара поддршката од присутните, бидејќи како што нагласи, младите го заслужуваат најдоброто.

Штабот на Форумот на млади се наоѓа на улицата „Кочо Зози“ во Гостивар.

Коментарите се затворени.