ДУИ и „Гостивар кој го сакам“ ја претставија програмата за подобрување на условите во образовните институции
Гостивар, 2 октомври 2021 Огранокот на Демократската унија за интеграција во Гостивар заедно со граѓанска иницијатива Гостивар кој го сакам, го претставија програмскиот столб за висококвалитетно образование
Теута Минахи, кандидатка за советник од на листата од ДУИ и „Гостивар кој го сакам“ дека е потребна е и интервенција во училишната инфраструктура.
Во Програмата на „Гостивар кој го сакам“ е предвидено да се инвестира во сите училишта во општина Гостивар.
Како главни проекти во областа на образованието Минахи ги наведе: Гасификација на училиштата во градот, Централно греење за секоја училишна зграда, енергетска ефикасност во четирите средни училишта во градот, дигитализација на училиштата. Во програмата предвидена е изградба на градинка во „Седма зона“ според европски стандарди. Меѓу другото предвидено е отворање ма дневни центри за ран детски развој во речиси секоја населба во Општина Гостивар.
Новитет во програмата е летната школа за децата на иселениците.
Минахи ја побара поддршка од граѓаните и порача: Гласајте Живот, Гласајте Зелено.
Коментарите се затворени.