Алијансата за Албанците и Алтернатива на предизборен собир во Дебреше
Гостивар, 2 октомври 2021 Карванот на коалицијата Алијансата за Албанците и Алтернатива помина и во Дебреше каде имаа средби жителите од овој регион. Во рамки на предизборната кампања, синоќа ги претставија кандидатите за советници и дел од предзиборната програма.
Кандидатот за градоначалник за уште еден мандат Арбен Таравари ја побара поддршката и посочи дека во овој регион откако раководи со општината биле реализирани повеќе инвестиции од она што било ветено во 2017 година.
– Имаме ветено една работа која не сме ја довршиле, а тоа е асфалтирање на патот Дебреше-Здуње, но штом се подобрат условите тоа ќе биде завршено и ќе го асфалтираме, изјави Арбен Таравари.
Носителот на листата за советници од Алијанса/Алтернатива, Ваљбон Лимани рече дека Дебреше е нивното упориште и очекува дека ќе тука понесат уште една голема победа за Арбен Таравари.
– Ве замолам сите во овој период до 17 октомври да разговарате со сите, роднини, соседи, да бидете смирени и да не наседнувате на провокациите на нашите политички противници. Со тоа ќе покажеме дека покрај тоа што имаме знаење и храброст, ние сме чисти во она што го правиме и правиме. На 17 октомври ќе појдете до гласачката кутија ќе донесете уште една победа за коалицијата и за Арбен Таравари“.
На собирот во Дебреше зборуваа и тројца кандидати за советници, Беким Челебиу, Аљуш Алили и Зијад Шабани.
Коментарите се затворени.