Гоце Димовски: Мојата цел е Гостивар да биде град за сите луѓе
Гостивар, 2 октомври 2021 Првиот човек на општинскиот комитет и носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Обнова за Македонија на преизборниот митнг што се одржа на градскиот плоштад се заложи за доследно спроведување на програмата со настапуваат на овие избори
– Главна водилка за мене како носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе биде реализација на квалитетна локална политика и програма. Максимално ќе се заложам во програмата за реализација на буџетот на општина Гостивар, соодветно место да заземат проектите утврдени како приоритетни во програмските цели на ВМРО-ДПМНЕ. Мојата цел е Гостивар да биде град за сите луѓе. Место за живеење каде што сите ќе си ја планираме нашата иднина и иднината за нашите поколенија. Град во кој што ќе се креираат можности за просперитет во духот на меѓуетничкиот соживот, град во кој ќе се споделуваат заедничките вредности без разлика на верската и националната припадност, рече Димовски.
Тој во обраќањето напомена дека листата што ја педводи е составена од чесни луѓе, докажани професионалци кои уживаат углед во својата средина и подготвени посветено да работат за Гостивар.
– Заеднички ќе изнајдеме решение за сите проблеми. Иднината е сега и на овие избори секој од нас има можност да одлучи за неа. Знаеме како и чии интереси треба да застапуваме ние. Како тим нудиме одлична програма во која е утврдена визијата во каков град сакаме да живееме нудејќи соодветни решенија. Таа е усогласена со програмата на кандидатот за градоначалник Арбен Таравари, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Обнова за Македонија подвлече Гоце Димовски.
Коментарите се затворени.