Колицијата „Најдоброто за мојата општина“ на средби со граѓаните
Гостивар, 3 октомври 2021 Кандидатите за советници од коалицијата „најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ, во рамки на предизборните активности оставрија повеќе средби со граѓаните низ неколку гостиварски населби.
Во поддршка на тимовите кои ја спроведуваат предизборната кампања „од врата до врата“, беше и потпретсадателот на СДСМ и вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи.
На средбите, со граѓаните, тие ги слушнаа проблемите со кои секојдневно се соочуваат и идеите за нивно решавање.
Вчера и денес тимови на ОО СДСМ Гостивар беа меѓу граѓаните во населбите Дутлок и Циглана, Ново Маало и низ центарот на градот.
– Топол пречек, но и прифаќање на обврската спрема граѓаните за транспарентност, отвореност и достапност кон сите во новиот четиригодишен мандат од страна на советниците на Советот на Општина Гостивар.
СДСМ како и до сега, секогаш е меѓу граѓаните, со народот- да ги слушне проблемите, но и да понуди најдобро решение за истите, рекоа од ОО СДСМ.
Коментарите се затворени.