Предизборен митинг на коалицијата Алијанса-Алтернатива во Градец општина Врапчиште

Гостивар, 4 октомври 2021    Четири години бевте сведоци на работите што ги направивме и инвестиравме над 2 милиони евра, рече Исен Шабани кандидатот за градоначалник на општина Врапчиште од коалицијата Алијанса за албанците и Алтернатива на предизбиорниот митинг во селото Градец.

Шабани кој е актуелниот градоначалник на општина Врапчиште напомена дека нема да зборува многу за она што се направило откако тој раководи со оваа полошка општина, бидејќи како што рече, граѓните се сведоци за сработеното

– Вечерва не е време да разговараме, вечер е време да избереме. Секој од вас е сведок на работата што е завршена почнувајќи од образованието, културата инфраструктурата. Другите ветуваа 20 години, а ништо не постигнаа. Ние не бараме мандат со сила, со државниот апарат, бараме мандат од народот затоа што сме чисти и горди. Нашите противниците претставуваат платформа што ни тие сами не ја знаат“, рече Исен Шабани. 

Во обраќањето барајќи ја поддршката на овие избори дека граѓаните треба да добро да размислат и да решат кој ќе раководи со општината наредните четири години.

Пред симпатизерите и сопартијците зборуваше и лидерот на Алианса, Зијадин Сеља кој во обраќањето го критикуваше Зоран Заев и напомена дека во декември повеќе нема да биде премиер.

–  Ќе му покажеме добро на тој премиер кој дојде во име на желбата за правда во име на владеењето на правото и правната држава, во име на борбата против корупцијата. Во име на соборување на режимот изгради уште полош. Го гледате овој премиер секоја вечер, не поминува недела кога не се обидува да прикрие некој скандал. Овој премиер стана толку гласен во обвинувањето за нас, затоа што има мака. Тој е загрижен затоа што заедно со неговиот партнер Али ќе ги загубат овие локални избори од Струга до Липково, и во Скопје и секаде, а во декември повеќе нема да биде премиер бидејќи ќе има нова влада, што ќе биде во рацете на албанските политички субјекти што се грижат за Албанците каде и да се, рече Сеља.

Тој напомена дека во земјава има илјадници Албанци кои не го уживаат правото да учат на својот јазик, а тоа барање не е национализам, туку како што рече, заштита на основните човекови права без оглед на етничката припадност.

Коментарите се затворени.