Советниците на СДСМ ќе се залагаат младиот човек да добие повеќе во општина Гостивар.
Гостивар, 5 октомври 2021 Кандидатите за своетници од коалицијата „Најдоброто за нашата општина“ во рамки на предизборните активности ги изложија деловите од програмата во која се опфатени младите
– Во нашата општина сведоци сме дека младите не секогаш се приоритет на општинската власт. СДСМ во изминатиов период со дела и факти покажува дека младите не се само бројка, туку се активни чинители во креирањето на севкупниот општествен и политички живот.За тоа говорат многу факти, а дел од нив се отсуството на културни и спортски настани кои ќе ги привлекуваат младите тука, во нашата општина, но и немањето доволно пешачки и велосипедски патеки со цел рекреативно искористување на слободното време, рече кандидатката за советник Ема Нешковска.
Таа кажа дека советниците СДСМ во општина Гостивар ќе се залагаат за многу повеќе зелени површини, почист воздух, спортски игралишта, културни настани, повеќе пешачки и велосипедски патеки.
Коментарите се затворени.