ДУИ: Институционална поддршка бизнисите за подобар локален економски развој

Гостивар, 5 октомври 2021   „Локалниот економски развој ќе го постигнеме со институционална поддршка на локалниот бизнис, со поддршка на земјоделството, туризмот, екотуризмот и агротуризмот“, најави Халим Зеќири кандидат од советничката листа на ДУИ и „Гостивар кој го сакам“ на презентацијата на програмата со која настапуваат на овие избори

Тој оцени дека локалниот економски развој стагнирал во изминатите четири години и затоа му е дадено големо значење во програмата на „Гостивар кој го сакам“.

– Предвидовме: отворање канцеларија за промоција и привлекување на инвестиции; намалување на општинските даноци во индустриските области за 50% и други олеснувања. Промовирање и создавање на јавно-приватно партнерство.Намалување на општинските даноци и такси за секое мало и средно претпријатие што ќе промовира нови производи или услуги на пазарот, вели Зеќири.

Во програмата се предвидени субвенции за комерцијални, производствени или услужни претпријатија кои во текот на летната сезона ќе вработуваат практиканти од средни стручни училишта од трета и четврта година и намалување на општинските даноци и такси до 50% за локалните бизниси на неопределено време.

Предизборната програма на оваа колиција го опфаќа и земјоделието за што како рече Зеќири предвидено е отварање на Сектор за земјоделство во рамките на општината, преку кој земјоделците освен во Министерството за земјоделство, ќе можат да аплицираат за субвенции за засадени култури и во секторот земјоделство во Општина Гостивар.

– Поддршка за невработени лица кои сакаат да започнат земјоделски бизнис. (3000-5000 евра за земјоделски бизнис); Поддршка по литар млеко предадено во млекара (2 ден по литар); 50% -75% враќање на финансиски средства од инвестиција за засадување на повеќегодишни дрвја (максимум 1.000 евра по апликант).

Како поддршка на туризмот, екотуризмот и агротуризмот, од ДУИ и Гостивар кој го сакам предвидуваат: Фестивал за храна и земјоделие. подготовка на планинарски патеки и планински велосипедизам, карпа за искачување. Промоција и организрани посети на пештерата „Убавица“.

Коментарите се затворени.