Жените од ОК ВМРО ДПМНЕ и огранокот на Алијанса маршираа заедно за борба против ракот на дојка
Гостивар, 6 октомври 2021 Унијата на жени на ОК ВМРО-ДПМНЕ и жените коалицијата Алијанса за албанците-Алтернатива, заеднички го одбележаа денот за „Борба против рак на дојка“. Тие маршираа заедно под мотото „Напред розово“, до градскиот плоштад, порачаа дека се неопходни редовни превентивни прегледи и упатија поддршка жените кои се погодени од болеста.
Пораките ги пренесоа Анета Ќироска, претседател на УЖ на ОК ВМРО-ДПМНЕ и Беса Мухареми, претседател на УЖ на АА во Гостивар и во нив посочија дека жените треба внимаваат и да бидат одговорни кон своето здравје.
Настанот го поддржа кандидатот за градоначалник на Гостивар од Алијанса/Алтернатива, Арбен Таравари, кој напомена дека во гостиварската болница сè уште не се исполнети во целост условите за превенција третман на жените што се соочуваат со карцином.
На членките и симпатизерките на политичките партии во одбележувањето им се придружија и носителите на советничките листи на Алијанса/Алтернатива, Ваљбон Лимани и на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, Гоце Димовски.
Коментарите се затворени.