Бејта: Казината подалеку од центарот и училиштата

Гостивар, 7 октомври 2021  (МИА)  Во нашата општина има 41 казина, спортските обложувалници не се ни бројат. Имаме повеќе казина отколку градинки и училишта, повеќе казина отколку спортски терени и објекти и не сакаме во нашиот Гостивар да владее коцкарската индустрија.  Оваа порака ја пренесе кандидатот за градоначалник Невзат Бејта на прес конференција во која го кажа планот кој е дел од програмата на ДУИ.

– Не сакаме нашите млади луѓе да одат во казино, ние сакаме да учат, да спортуваат и да уживаат во културата. Не сакаме нашите млади луѓе да ги загубат своите пари на слот машини. Ние сакаме тие да заштедат за своето образование, за нивниот прв дом, за нивната иднина. Ние живееме во слободно општество и секој постар од 18 години ќе одлучи за себе дали сака да игра во казино или не.  Но, како општество не треба да дозволиме нашиот град да има казина во секој агол, бидејќи тие се блиску во нашите училишта и ја привлече нашата помлада генерација да влезе внатре во нив, рече Невзат Бејта кандидат за градоначалник од редовите на ДУИ.

Тој го критиваше неговиот политички опонент и актуелен градоначалник дека во 2017 година ветил дека ќе ги отстрани казината од центарот на градот – оттогаш ниту едно не е затворено , дури се отворија многу нови. Бејта истакна дека неговата матична партија бара закинска постапка за отстранување на казината кои се близина на училишта и затоа, како што рече се води процедура во парламентот.

-Ние предвидуваме нов градски центар, без казина – центар на градот каде што нашата младост е безбедна и семејствата можат повторно да се чувствуваат удобно. Вашиот глас за мене како градоначалник и за ДУИ е глас против Казината во центарот на градот и за еден модерен, безбеден и чист Гостивар, рече Бејта

згм

Коментарите се затворени.