Движење Беса: Деполитизирање на образованието за подобра иднина на младите

Гостивар, 7 октомври 2021 Фадиљ Зендели, кандидатот на политичката партија „Движење Беса“ за градоначалник во рамки на кампањата се обрати пред членките и на Форумот на жени. Тој зборуваше за состојбите во образованието и најави деполитизација на овој сектор и дека во училиштата повеќе нема да се примаат вработени според партиска припадност, туку според меритократија.

– Дојдовме до вистинска понуда, понуда која е во согласност со интересот на граѓаните на Гостивар. Преку нашиот проект, нашата политичка програма сакаме да дадеме решенија за вистинските проблеми што ги има нашата општина.

Во образованието, заради партизацијата се вработува кадар според партиска припадност. Демократско, европско општество не треба да го политизира образованието, бидејќи од образованието така ги политизираме и учениците во основните и средните училишта. Тоа треба да престане, бидејќи тие се тие што треба да градат напредно општество кое е иднината на нашите деца. Нашата понуда, покрај деполитизирањето на образованието, ветува и задржување на младите во татковината, рече Фадил Зендели.

Во обраќањето, Зендели истакна делови од програмата кои се однесуваат

на справувањето со економски проблеми, преку отворање нови работни места, подигање на стандардот на граѓаните, странски инвеститори и дијаспората.

– Имаме извонредни стопанственици, кои имаат успешни кариери европски компании. Нив треба да ги убедиме да ги развиваат бизнисите во земјава. Да создадеме услови и да работиме со нив. Тие се нашето семејство и тие имаат интерес и љубов својата земја. Нивната љубов кон татковината треба да се претвори во нивен економски интерес, подвлече Зендели.

Тој оцени дека жените во општеството и политиката се од витално значење за напредокот и развојот на општествено-политичката свест, за што побара од нив максимална посветеност на овие локални избори и да ја донесат победата.

Коментарите се затворени.