Фестивал Ѕвездички: Тамара Грујовска испеа за ГРАН ПРИ

Гостивар, 10 октомври 2021   Младата и надежна пеачка Тамара Грујевска е победник на интернационалниот детски музички фестивал „Ѕвездички“. Со нејзиниот настап на првата вечер (9 октомври) и изведбата на песната „ Музиката во мене има дом“ таа го доби највиското признание на фестивалот „гран при“.

Песната 11 годишната Тамара ја отпеа е авторско дело на Борче Шабаноски (музика и арнажман) и Валентино Соклески.

Наградата, гостиварската „ѕвездичка“ ја освои во конкуренција на млади таленти од: Македонија, Русија, Белорусија, Словенија и од Србија.

Во телефонски разговор, нејзниот татко Дејан за Radio G ја потврди вестта за победета и најави дека видео од настапот на Тамара наскоро ќе биде објавено, а се планира и снимање на видеоспот.

Интернационалниот детски музички фестивал „Ѕвездички“ годинава се одржува по 21ви пат во салата на културниот центар „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Фестивалот е вистински бренд во Македонија, кој во текот на годините донесе многу хитови.

– „Ѕвездички“ е единствена музичка манифестација за деца во земјава членка на ВАФ (Светска асоцијација на фестивали). Најдобрите учесници од Македонија официјално ја претставувале земјава на најголемите фестивали низ светот од каде што се вратиле со награди. Интересно е дека учествуваат деца до 14 години, а сите учесници настапуваат со авторска песна на јазикот на земјата од каде што доаѓаат – велат организаторите на оваа реномирана меѓународна манифестација за деца.

Во изминатите 20 години, на фестивалот учествувале повеќе од 3.000 учесници од речиси сите континенти и земји од светот.

Коментарите се затворени.