СДСМ: Да се грижиме за менталното здравје и да даваме поттик да се побара помош

Гостивар, 10 окотмври 2021    Предизборните активности на ОО СДСМ Гостивар денес беа насочени кон здравјето на граѓаните. Кандидатот за член во советот на општина Гостивар, д-р Милан Грујоски по повод 10 Октомври, Светскиот ден за грижа на менталното здравје, потсети дека тоа е од голема важност за целата популација, а особено во услови на пандемијата предизвикана од ковид 19.

-Менталното здравје е составен дел од општото здравје и подеднакво е важно како и физичкото здравје. Од особена важност е да се грижиме за менталното здравје и да даваме поттик да се побара помош секогаш кога за тоа има потреба, но исто така важно е да понудиме соодветна психолошка поддршка, да ја одржиме комуникацијата и да останеме поврзани, рече Грујоски во видео-пораката

Тој препорачува да се намали стресот, за да се зачува менталното здравје.

обраќањето на на д-р Грујовски може да го погледнете тука

Коментарите се затворени.