Движење Беса: Развој на околните населби е приоритет за идниот градоначалник Фадил Зендели
Гостивар, 10 октомври 2021 (МИА) Раководството на политичката партија „Движење Беса“ во рамките на предизборните активности, денес оствари низа средби со граѓаните во гостиварската општина. Кандидатот за градоначалник, Фадил Зендели придружуван од претседателот на партијата Биљал Касами, го посетија и локалниот штаб на „Движењето Беса“ во селото Балиндол.
На средбите со граѓаните се разговарало за актуелните состојби и потребата од помасовна излезност за да дојде до промени.
Потпретседателот на партијата и актуелен пратеник Фадиљ Зендели, како кандидат за прв човек на општината вети доколу биде избран ќе води сметка за развојот на околните населби.
– Развојот на населбите е наш заеднички приоритет, и со нашето доаѓање по 17 октомври ќе ги промениме целосно. Гласајте храбро и слободно за Беса, за бројот 16 и за Гостивар, рече Зендели во Балиндол.
Лидерот на партијата очекува поддршка од граѓаните за се оствари победа во целиот полошки регион
– Тетово не е комплетно без Гостивар, исто како и Гостивар без Тетово, така што за нас е важно Тетово и Гостивар да бидат обединети како и сите општини во Полог.
згм
Коментарите се затворени.