СДСМ: Станиша Матески со честитка по повод 11 Октомври „Денот на народното востание“
Гостивар 11 октомври 2021 Претседателот на ОО СДСМ Гостивар и носител листата на коалицијата „најдобро за мојата општина“ Станиша Матески повод 11 Октомври „Денот на народното востание“ упати честитика до сите граѓани. По оддавањето на почит кон жртвите во НОБ, преку видео обраќање потсети на денот, за кој како што рече е поставен еден од темелите на македонската државаност.
– Денот на народното востание 11 Октомври е олицетворение на вековниот идеал на нашите предци за самостојна и слободна македонска држава. Ден кога го славиме стремежот за слобода и правда на сите граѓани на нашата земја. Жртвите на илјадниците знајни и незнајни борци со која беше исполнет патот до остварувањето на конечната слобода,останува вечен потсетник за сегашните и идните генерации дека мора да си ја сакаме државата и да градиме просперитетна и подобра иднина за новите генерации. Денес, како земја членка на НАТО која одлучно чекори и на патот кон полноправно членство во ЕУ, продолжуваме да обезбедуваме сигурност, стабилност, просперитет и европски стандард за идните поколенија. Нека е вечен споменот на хероите и нека ни е честит 11 Октомври „Денот на народното востание“ рече Матески
Коментарите се затворени.