Таравари: Во Гостивар сме апсолутни фаворити
Гостивар, 12 октомври 2021 (МИА) Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар од коалицијата Алијанса за албанците – Алтернатива Aрбен Таравари, искажа оптимизам за изборните резултати и најавува победа. Тој денес во рамки предизборните активности оствари средби со граѓаните од повеќе населби за да ја презентира програмата и заедно со неговиот тим да подели печатени изданија, преку кои, како што рече граѓаните ќе можат да се запознаат подобро и да донесат конечен избор во недела.
– Ние не престанавме да се среќаваме со граѓаните, нонстоп сме биле меѓу нив и со нив. Сметавме дека денес и утре, заради поповолните временски услови да ја врачуваме нашата програма на непосреден начин и да се запознаат со неа. Тоа е ред и впрочем тоа треба да го направат сите кандидати. Суверенот, односно граѓаните во недела треба да гласаат и да изберат програма и кандидат за кои смета дека се подобри. Гласањето треба да го направат мирно, трезвено, бидејќи сум убеден дека народот не греши во конечниот избор и секогаш го избира подобриот, рече Таравари по посетата на градскиот пазар во Гостивар.
Запрашан за исходот и изборните резултати во првиот круг, Таравари напомена дека коалицијата и тој се апсолутни фаворити.
– Очекува дека граѓаните да дадат голема поддршка и за листата за советници и да се обезбеди десет до дванаесет места во општинскиот совет. Според нашите согледувања од теренот и последните анкети коалицијата Алијанса/Алтернатива има предност пред ДУИ од 1.500 до 2.000 гласа, потенцира Таравари.
згм.
Коментарите се затворени.