СДСМ: Целосно уредување на патека по течението на Вардар, од Равен до старата кланица

Гостивар, 12 октомври 2021  Кандидатката за член во општинскиот совет од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Ема Нешковска во рамки на претставувањето на предизборната програма најави уредување на брегот на Вардар со модерни и атрактивни содржини. Во видео обраќањето таа го претстави планот за кој ќе се залага во општинскиот совет.

– Патеката покрај кејот на Вардар, многумина секојдневно ја користат за  најразлична физичка активност. Од обични прошетки и рекреативно пешачење или трчање, до возење ролери,  велосипеди, па се до професионални тренинзи на спортистите. Пешачката патека долж течението на реката Вардар заслужува да биде модерно и урбано уредено место. Советничката група на СДСМ во Советот на општина Гостивар, ќе се залага за целосно уредување на патеката од Горни полог до С. Равен, со дополнителен плански предвиден простор за вело патека, соодветно раззелената и осветлена, со повеќе детски игралишта, рече Нешковска

видео од обраќањето на Нешковска

Коментарите се затворени.