Советничката група на СДСМ ќе се залага за модерна инфраструктура
Гостивар, 14 октомври 2021 Во последното видео обраќање, првиот човек на ООСДМ и носител на листата на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ Станиша Матески најави дека советничката група на СДСМ ќе се залага за модерна инфраструктура и за како што потенцира, да се стави крај на хаосот.
Тој во обраќањето нагласи:
-Посебен акцент ќе ставиме на: реконструкција на улиците во централното градско подрачје, посебно обновување на улиците, на влезовите во градот и улиците во населбите низ цело градско и приградско подрачје, рече Матески.
Како членови на советот на општина Гостивар ќе се залагаат градот да се ослободи од бездомните кучиња и проширување на капацитетот на постоечките стационари.
Во поглед на хигиената, идните советници ќе работат на проблемот со депонијата Русино и хигиената во градот. Матески најави претварање во безбедна и уредна депонија според сите еколошки стандарди. Посебен фокус ќе се стави на чистење на градот од отпад како и поставување на соодветни канти за сортирање на отпадоци низ сите градски и приградски населби
Во програмата на СДСМ е повеќе зеленило и целосен опфат на кејот на реката Вардар со патеки за велосипеди, патеки за трчање изградба на неразвиениот дел од паркот.
Коментарите се затворени.