Завршен митинг на Алијанса и Алтернатива во Гостивар, најавена победа во првиот круг

Гостивар, 14 октомври 2021   Потребна ни е чиста победа како во Гостивар за да нема повеќе општини со кои ќе раководи ДУИ и за победа на коалицијата Алијанса-Алтернатива на претстојните парламентарни избори порачаа лидерите на политичките партии Алијанса за албанците Зијадин Сеља и Алтернатива Африм Гаши на митингот во спортската „Младост“ во Гостивар.

– Во недела со рака да го покажете дека патот на светлината. По 17 октомври, нема да има повеќе општини што ќе ги води ДУИ, бидејќи нашата коалиција ќе победи од Струга до Липково. Кажете им на луѓето дека ни треба убедлива победа, да победиме чисто како во Гостивар уште во првиот круг, рече Сеља.

Тој се осврна на пораките од кампањата на нивните противници, кои вината за голем број на казина во Гостивар е во Таравари.

– Тие зборуваат за казината и го обвинуваат Таравари. Дозволите се потпишани од нивен министер. Законот за казина е во парламентот, но тие не гласаа за него. Казината ќе бидат отстранети кога ќе си отидат и ќе станат во опозиција, бидејќи без срам го бараат вашиот глас, нагласи Сеља.

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши пред гостиварци зборуваше за оптимизмот кој се шири кај членството пред изборите и побара да се излезе помасовно и да се гласа за нив

– Победата во Гостивар, Чаир, Струга, Боговиње и другите општини ќе биде победа за големата историска промена за албанците. Со гласање за Арбен на 17 октомври, вие нема да гласате само за Гостивар. Победите во Гостивар во првиот круг, во Чаир, Струга, Врапчиште, Боговиње, ќе биде победа за следните парламентарни избори. На 17 октомври има можност да се преземе власта и да се формира ново мнозинство во Собранието, дури и без да се оди на парламентарни избори,рече Гаши.

Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар барајќи ја поддршка за уште еден мандат зборуваше за неговото работење и укажа дека со неговиот тим постигнале многу.

– На 17 октомври ќе биде испратена пораката дека знаеме да управуваме и дека заслужуваме да управуваме уште четири години. Ние сме прва општина по кредибилитет, а последни само по корупција. Ова не прави горди и со ова го бараме гласот. Нашата програма се вика „Трансформирање на градот“. Работевме напорно на инфраструктура и сега е редот на туризмот за четири сезони. Сакаме уште еден мандат, бидејќи сакаме да продолжиме со транспарентноста. Нашиот противник излезе на прес-конференција со најава за реализација на 24 проекти, морам да им кажам дека 18 од нив веќе реализиравме рече Таравари.

згм

Коментарите се затворени.