Бочварски и Нуредини ветуваат поддршка на проектите од програмата на Бејта
Гостивар, 25 октомври 2021 Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар од редовите на ДУИ Невзат Бејта оствари средби со жителите на населбите Циглана и Млаки каде пред граѓаните ги претстави планираните активности за наредните четири години. Вечерва во поддршка за придобивање на гласови беа и министрите за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и за транспорт и врски Благој Бочварски
Бејта на средбата со жителите на Циглана зборувајќи за предизборната програма, напомена дека за оваа населба е предвидено решавање на проблемите со недостигот од канализација и доволно вода за пиење и проектирање на улици.
– Тие приоритети мора да се остварат во овој мандат, но со поддршка и во соработка со Владата односно со Министерствата за транспорт и за екологија. Без нив вакви крупни работи не може да се решаваат, нека не ве лажат.
Уличното осветлување, бездомните кучиња, спортски терен и патот до манастирот тоа се решава со општински пари, рече Бејта.Министрите Бочварски и Нуредини напоменаа дека државата има пристап до меѓународни фондови и поволни зајмови, ни двајцата напоменаа дека тие остануваат неискористени. Тие искажаа доверба во кандидатот за градоначалник Невзат Бејта дека има капацитет за да формира тим што ќе соработува со централната власт.
Коментарите се затворени.