Бејта на средби со граѓани во Дутлок и Центар

Гостивар 26 октомври 2021 Кандидатот за градоначалник во Гостивар, Невзат Бејта придружуван од министерот за здравство и потпретседател на СДСМ, Венко Филипче оствари две средби со жителите на населбата Дутлок и централниот дел на градот.

Зборувајќи за програмата и приоритетите, Бејта најави решавање на проблемите со комуналниот отпад и депонијата „Русино“ кучињата по градските улици во првите сто дена од преземањето на функцијата. Изградба на нов мост што го поврзува Дутлок со здуњска крстосница, спортски терен и уредување на брегот на Вардар.

– Новиот мост треба да ги реши проблемите со сообраќајот што се јавуваат во делот на ЕТЦ и неколкуте угостителски објекти во летниот период. Не го слушајте мојот противкандидат, бидејќи и тој знае дека без владина поддршка не може да се реализираат големи проекти. Имам целосна поддршка од владата и заедно со централната власт ќе го направиме Гостивар да наликува како на градовите во развиените западни земји“, рече Бејта и додаде дека овој мандат не го бара за политичка кариера, туку за уредување на Гостивар заедно со Иницијативата „Гостивар кој го сакам“ и нагласи дека изминативе четири години не ништо сработено.

Министерот Венко Филипче ги повика жителите на населбата „Дутлок“ да ја поддржат кандидатурата на Невзат Бејта, бидејќи како што рече, цела држава го знае неговиот менаџерски капацитет и колку тој го сака Гостивар.

„Тој има способности е вреден, семеен и чесен човек, го познавам лично. Ве повикувам масовно да излезете на 31 октомври и да го поддржите човекот кој секогаш ќе ја има отворена вратата за вас, ќе ви ги решава проблемите, ќе работи како што работел во минатото за Гостивар, изјави министерот Филипче.

Делово од програмата, Бејта претстави и пред жителите кои живеат во централото градско подрачје.

згм

Коментарите се затворени.