CHRIS J настапува на SKOPJE CALLING

Гостивар, 28 октомври 2021   Гостиварецот Христијан Јованоски (Chris J) ќе настапи на 30 октомври (сабота) во моментов најактуелниот фестивал за електронска музика SKOPJE CALLING. Претходно, овој настан беше откажан поради деновите на жалост и трагедијата во Тетовои беше предвидено Chris J да настапи со Meduza и Vini Vici.

Организаторите го презакажаа  во форма која е единствено возможна во овој момент, а тоа значи дека на 30 октомври во МКЦ ќе се одржи македонско издание на Skopje Calling, исклучиво со домашни диџеи и тоа: GALOSKI,CYRILLIC,CHRIS J и JANA SLAYY.

Chris J e претставник на новата генерација артисти и негува текхаус музика (tech-house). Ова лето, освен на елитниот Ohrid Calling 2021, CHRIS J имаше забележителни настапи во клубови во Прилеп, Штип, Гостивар, Велес, Битола и Охрид. Настапувал и на: Deeper underground 2020 (Avalon production), Пиволенд 2017 и повеќе опен-ер журки. Со специфичниот и оригинален стил CHRIS J чест гостин е во клубовите низ Македонија. Овој гостиварски техно-маг е официјален warm up на GALOSKI еден од најдобрите диџеји на овие простори и музички соработник на Radio G.

Коментарите се затворени.