Неби Реџепи: Очекувам излезност околу 50 проценти од запишаните избирачи во општина Врапчиште

Гостивар, 31 октомври 2021 (МИА)  Кандидатот за градоначалник на општина Врапчиште од редовите на ДУИ по гласањето во родното Неготино Полошко ја оцени како позитивна излезноста на граѓаните во претпладневните часови и очекува таа до крајот на процесот да достигне околу 50 проценти.

            – Мојот повик до сите граѓани на општина Врапчиште е да излезат во поголем број и да го искористат нивното демократско право. На тој начин тие ќе одлучат за опцијата, за која тие сметаат и програмите кои ги имаме презентирано пред нив. Оваа општина има многу иселеници и печалбари и добар број од нив се дојдени за да гласаат. Очекувам излезноста да биде околу 50 проценти, изјави Реџепи.

згм

Коментарите се затворени.