“ЕВРОПСКО ОД СОН” химна создадена од навивачи за навивачите на македонската ракометна репрезентација.

Гостивар, 31 декември 2021    На две недели пред започнувањето на Европското првенство во ракомет, на кое Македонија учествува шести пат по ред, промовираме нова песна. Официјалната промоција ќе биде во 12 часот во „За прв пат на радио“ на 106,4 Радио Г.

За да дознаме повеќе околу новата песна која е своевидна хима, RADIO G разговараше со идејниот творец на проектот и автор на музиката е Филип Неделковски. Тој ни кажа дека целта на песната е да ја подгрее навивачката атмосфера и да им биде ветер во грб на нашите ракометари предводени од Кире Лазаров.

– Композицијата е моја, текстот е на Огнен Неделковски, а аранжманот на Ангел Ќосев. Песната е снимена во студиото “Подрумот”. За видеото беше задолжен Дарио Јанковиќ, по сценарио и режија на Огнен Неделковски. Менаџер на проектот и ПР е Соња Алексоска Неделковска. Главни вокали во песната се Дејан Тасев и Александар Здравков, а во неа пеат и сите навивачи, кои најдоа време, желба и храброст да учествуваат во снимањето на овој проект. Сите што не успеаа – ги има во спотот преку фотографии, рече Филип за Radio G.

Покривител на проектот е Неуромедика, а при неговата реализација помогна и Македонската Телевизија, која отстапи инсерти од својата документација за потребите на спотот.

Во авторскиот тим е и Огнен Неделковски кој важи за еден од најреномираните текстописци во земјава и страствен навивач. Тој ги ги сподели и првите впечатоци и реакции по објавувањето.

– Спортската јавност со воодушевување ја пречека химната, иако веднаш се појавија и дежурните хејтери, кои ја плукаат песната, а ништо вредно не направиле во животот. Ако знаат да направат подобра песна, зошто досега не ја направиле? Како и да е, конечно и ракометарите добија своја химна. Да се надеваме дека таа ќе ги поттикне и мотивира да направат добри резултати на ЕП во Дебрецин, а и понатаму во втората фаза, вели Огнен.

Ве покануваме заедно во 12 часот на 106,4 (за Гостивар и Тетово) или онлајн на www.radiogostivar.com да ја преслушаме  “ЕВРОПСКО ОД СОН”

Коментарите се затворени.