Тамара Грујевска ќе настапи на фестивал во Русија
Гостивар, 11 јануари 2022 Тамара Грујевска (11) една од најталентираните пеачки во Македонија идниот месец ќе настапи на фестивалот „Golden Stars Rain“ (ѕвезден дожд) во Владимир во Русија. На оваа манифестација која важи за еден од најдобрите и најквалитетни фестивали во светот, младата гостиварка ќе биде во конкуренција со уште над 150 млади изведувачи.
Од нејзиниот тим кој ја подготвува овој настап за Radio G рекоа дека поканата на организаторот за учество е прифатена со големо задоволство. На фестивалот ќе ја претставува Македонија со две песни.
Фестивалот започнува на 31 јануари и ќе заврши на 7 февруари. Нашата „ѕвездичка“ ќе настапи на 5 и 6 февруари (во возрасната конкуренција 11-12).
За настапот се планира да ги изведе „Црно и бело“ на Калиопи и „I Have Nothing“ на Whitney Houston.
– Плановите за оваа година се многу настапи на фестивали, натпревари. Во најава се и нови песни и спотови, а желба ѝ е да ја претставува Македонија на детски Евросонг. Тамара со својот талент и глас со кој Македонија може да се гордее, наведуваат од нејзиниот тим.
Оваа единаесет годишна гостиварка потекнува од музичко семејство и со вокалните способности веќе го привлече вниманието на македонската музичка јавност.
Учи во основното музичко училиште „Енвер Стафаи“ од Гостивар и во музичкото училиште кај Андријана Јаневска отсек-популарни светски жанрови. Тамара пее од 5 годишна возраст и како учесник на повеќе интернационални детски музички фестивали постигна значајни успеси. Нејзиниот талент е препознаен и таа добива покани за учество на најпрестижните интернационални фестивали и натпревари, ширум светот.
Досега има настапи на: Фестивал„Јаболчиња“ со седум свои песни во период од 2015-2019. „Златно Славејче“ 2017. Има освоено повеќе награди: на интернационалниот Фестивал „Езерски бисери“ во Струга освои I место лауреат од прв степен. На интернационалниот Фестивал „Ѕвездички“ Прилеп Grand Prix. Исто така, на интернационалниот Фестивал Little Shells Нови Сад Србија освои Grand Prix награда-Победник во сите категории со нејзината песна „Музиката во мене има дом“ за кој има и видеозапис.
Нејзин идол е Whitney Houston, но ги сака и Celine Dion, Jenifer Hudson, Demi Lovato, Beyonce, Ariana Grande, а од домашните пејачки особено ги цени Андријана Јаневска, Тамара Тодевска, Калиопи и Александра Јанева.
Коментарите се затворени.