Нова песна: „Бројаница“ на Гуру Харе во соработка со Тања Тас

Гостивар, 11 јануари 2022 Игор Атанасоски (алијас Гуру Харе) „нанижа“ уште еден бисер на нишката од песни кои ги создава. Новата тема која неодамна ја заврши носи наслов „Бројаница“. Таа е плод од соработката со Тања Тас, позната и како вокалистка во групата „Темпера“ Станува збор за тивка, емотивна и суптилна композиција и проплетена со гитарски блуз фрази. Автор на музиката, текстот и аранжманот е Гуру Харе, кој исто така ги свири гитарите во песната.

Покрај него во снимањето и Тања, учествуваат Дамир Имери на кој свири хемонд-органа и Мите Димовски на тапани. Песната е снимена и продуцирана во скопското студио „Тралала“ на Мите Димовски.

Песната ја следи и видеоспот сниман во Градскиот парк во Скопје и го направи од Тања Тас. Од денес (11 јануари) може да види на Јутјуб-каналот на Гуру Харе. Благодарение на соработката која Radio G ја има со Гуру Харе, оваа како и другите негови дела, може да се слушне на 106,4 и онлајн на www.radiogostivar.com  во редовната програма.

Слушателите на Radio G и читателите наwww.radiogostivar.com се меѓу првите кои можат да го видат спотот. Го споделуваме ова ново музичко парче и уживајте!

Коментарите се затворени.