Песната „Да исчезне сé“ на D’Reamers доби нов видео спот
Гостивар, 26 јануари 2022 Гостиварскиот бенд и проект “D’Reamers”, го објави најавуваното видео на последната песна. Според членовите на бендот ова е трета графичка изработка која овој пат доаѓа врз нумерата „Да исчезне сé“. Претходно оваа композиција имаше видео, но како што потенцираат, денес го промовираа вториот официјалнен видео запис. Видеото е снимено во GreenRoom Sound Studio и во него се учествуваат сите протагонисти кои се јавуваат како изведувачи, продуценти и репрезенти на самата тема.
– Првото видео беше изработено пред два месеци, но по долги консултации, свативме, самиот аудио запис да има и втор спот, односно една ретроспектива, која и беше првична идеа за официјалниот спот. Но, гледаме дека трендовите се движат кон одредена насока и сакаме овој таказамислен „тренди“ спот да биде примарен. Претходниот исто така ќе биде објавен од официјалната Јутјуб страница – изјавија креаторите на спотот.
Музиката и текстот за оваа песна се на Синиша Карафилоски и Дамир Пух кој исто така го направи аранжманот. Вокалите се на Јордан Џејмс Ивановски и Наташа Миха која се јавува како специјален гостин и ко-автор на текстот. Од D’Reamers ви препорачуваат да го погледнете видеото и да уживате.
Песната „Да исчезне сé“ може да слушне на програмата на RADIO G на 106,4, во емисијата „Ја Ја“ која се емитува секој ден во два наврати во 9:20 и 16:05 часот.
Коментарите се затворени.