Тамара се закити со уште една награда, ГРАН ПРИ на фестивалот Golden Stars Rain (видео)

Гостивар, 8 февруари 2022  Тамара Грујевска (11) една од најталентираните млади пеачки во Македонија по настапот на фестивалот „Golden Stars Rain“ (ѕвезден дожд) во Владимир во Русија се врати со највисоката награда. Таа ја освои Гранд при наградата по на 5 и 6 Февруари со песните I Have Nothing- Whitney Houston и Црно и Бело од Калиопи. За двете песни доби највисоки оценки (десетки) од меѓународното стручно жири .

Претходно објавивме дека на оваа манифестација која важи за еден од најдобрите и најквалитетни фестивали во светот, младата гостиварка ќе биде во конкуренција со уште над 150 млади изведувачи. Освен со вокалната изведба, оваа млада гостиварка импресионираше и со гардеробата, креација на на модниот креатор Златко Јованоски JZJ Zlatko Jovanovski.

– Плановите за оваа година се многу настапи на фестивали, натпревари. Во најава се и нови песни и спотови, а желба ѝ е да ја претставува Македонија на детски Евросонг. Тамара со својот талент и глас со кој Македонија може да се гордее, наведуваат од нејзиниот тим.

Оваа единаесет годишна гостиварка потекнува од музичко семејство и со вокалните способности веќе го привлече вниманието на македонската музичка јавност.

Тамара пее од 5 годишна возраст и како учесник на повеќе интернационални детски музички фестивали постигна значајни успеси.

Досега има настапи на: Фестивал„Јаболчиња“ со седум свои песни во период од 2015-2019. „Златно Славејче“ 2017. Има освоено повеќе награди: на интернационалниот Фестивал „Езерски бисери“ во Струга освои I место лауреат од прв степен. На интернационалниот Фестивал „Ѕвездички“ Прилеп Grand Prix. Исто така, на интернационалниот Фестивал Little Shells Нови Сад Србија освои Grand Prix награда-Победник во сите категории со нејзината песна „Музиката во мене има дом“ за кој има и видеозапис.

За каков тален станува збор и зошто нејзните интерпетации пленат може да погледнете. Подолу се видеата од изведбите на Тамара во Русија.

Коментарите се затворени.