Со песна против војна (3).. „Зомби“/”Zombie” на бендот Кренбери/ The Cranberriesе
Гостивар, 27 февруари 2022 ..продолжуваме, со трета песна.
Во историјата на популарната музика забележани се многу песни кои содржат антивоена порака и повикувале на прекин на воените дејствија. Реално, песната не можела против силата на оружјето, но влевала оптимизам дека лудилото ќе престане.
Денес како за недела, ќе се осврнеме на една песна која е стара безмалу три децении „Зомби“/”Zombie” на бендот Кренбери/ The Cranberriesе. Иако се изведува и во редовни репертоари на кавер бендови и често се врти на радио станициците, таа во себе и антивоена порака.
Од достапните податоци за оваа нумера, познато е дека ја напишала пејачката Долорес О’Риордан. Мотивот за создавање на ова дело е спомен на Џонатан Бол и Тим Пари, кои биле убиени во бомбашки напад на ИРА (ирска републиканска армија) врз Ворингтон во 1993 година во Англија.
Во над 30 годинишниот конфликт, во вооружен конфликт меѓу ИРА (се смета за паравоена организација) и британските безбедносни сили имало повеќе од 10.000 бомбашки напади кои се регистрирани во Северна Ирска, Република Ирска и Англија.
Сниглот Зомби е издаден е на 19 септември 1994 година како најава за нивниот втор студиски албум „No Need to Argue“, две недели пред објавувањето на албумот.
Музичката критика критичари одамна ја препознаа препозна „Зомби“ како „ремек-дело на алтернативниот рок“.
Коментарите се затворени.