Со песна против војна ….(4) Manic Street Preachers,  “If You Tolerate This Your Children Will Be Next”

Гостивар, 28 февруари 2022    .. понеделнички ја продолжуваме кампањата и со надеж дека преговорите на завојуваните страни ќе вродат со мирно решение. За денес ја одбравме „Ако го толерираш ова, твоите деца ќе бидат следни“/If You Tolerate This Your Children Will Be Next  на Меник стрит причрс/Manic Street Preachers.

Оваа песна е објавена на 4 август 1998 година за дикрографската куќа Epic Records како прв сингл од нивниот петти студиски албум „This Is My Truth Tell Me Yours“.

Карактеристично за оваа песна е што е инспирирана од Шпанската граѓанска војна и идеализмот на велшките доброволци. Тие се приклучиле на левичарските меѓународни бригади кои се бореа за Шпанската Република против воените бунтовници на Франциско Франко. Насловот на песната е земен од републиканскиот пропаганден постер напишан на англиски во тоа време. На него била прикажана фотографија од мало дете убиено под небо полно со бомбардери. На дното од плакатот напишана е пораката, по кое песната го носи името

Коментарите се затворени.