Казнети десет пешаци за преминување вон обележан пешачки премин

Гостивар, 1 март 2022 Воведувањето на ред во сообраќајот ги зафати и пешаците. Во контролите, сообраќајците вчера попладне за четири часа напишаа десет пријави за прекршоци.

Од СВР Тетово информираат дека вчера (28 февруари) од 14 до 18 часот била спроведена засилена контрола за прекршоци што ги чинат пешаците. Вкупно санкционирани се 10 прекршоци и сите биле за преминување на улиците надвор од обележани пешачки премини. На сите им се изготвени поднесоци.

Коментарите се затворени.