Со песна против војна…. (6) „Blowin’ in the Wind” by Bob Dylan
Гостивар, 3 март 2022
.. во серијалот „Со песна против војна“ (мини кампања на Radio G) издвојуваме и коментираме за песните кои имаат антивоена порака и повикуваат на разум. Секако дека нотите се потивки од татнежот и пукотниците, но сепак се пишуваат, пеат, а некои па дури траат со децении и се актуелни.
Антивоените песни ги оплакуваат аспектите на војната, додека други ја сатанизираат војната. Повеќето промовираат мир, додека други се противат против конкретни вооружени конфликти. Во некои дури се опева и бележи физичкото и психичкото уништување што војната им ги нанесува на војниците, на невините цивили и на човештвото во целина. Многу од овие песни се сметаат за протестни песни, а некои биле прифатени од луѓе уморни од војна, разни мировни движења и мировни активисти.
За денес ја избравме „Blowin’ in the Wind” is a song written by Bob Dylan
„Blowin’ in the Wind” е песна напишана од Боб Дилан во 1962 година. Издадена е како сингл, а подоцна е дел неговиот албум The Freewheelin’ Bob Dylan.
Музичката критика ја оценува како протестна песна и поставува низа реторички прашања за мирот, војната и слободата.
Дилан го снимил „Blowin’ in the Wind“ на 9 јули 1962 година, и се наоѓа на неговиот втор албум во 1963 година.
Во 1994 година, песната беше внесена во Гремиевата куќа на славните/ Grammy Hall of Fame Греми. Десет години потоа (2004), таа e рангирана на 14-то место на листата на списанието Ролинг Стоун во „500те најдобри песни на сите времиња“. (Rolling Stone magazine’s list of the “500 Greatest Songs of All Time”).
Ја преепеале многу артисти како Марлен Дитрих/ Marlene Dietrich која сними германска верзија на песната („Die Antwort weiß ganz allein der Wind“), па
Во 1966 година, Стиви Вондер/ Stevie Wonder, сними своја верзија и стана топ 10 хит на Billboard Hot 100 и број еден на R&B топ листите. Полседната е снимена 2021 година во латино верзија.
Коментарите се затворени.